
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во финалето на првиот грен слем турнир сезонава Австралија опен. Тој во три сета во полуфиналето го совлада Швајцарецот Роже Федерер со 7:6, 6:3, 6:3 и е на пат да го стигне Американецот Пит Сампрас по бројот на освоени титули од големите турнири
Надал во финалето ќе ги одмери силите со Швајцарецот Станислав Вавринка, а дококу победи ќе ја освои 14 – та грен слем титула и ќе се изедначи со Американецот.
Надал до сега осум пати го освојуваше Ролан Гарос, по два пати го подигна пехарот на Вимблдон и САД Опен, а само еднаш триумфира на Австралија опен.
Единствената титула на турнирот во Мелбурн, Надал ја освои во 2009 година, а минатата не настапи заради повреда на коленото.