Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал по катастрофалниот старт и по речиси петчасовна борба успеа да го победи Доминик Тим во четвртфиналето од УС Опен, со 3:2 во сетови(0:6, 6:4, 7:5, 6:7, 7:6). Противник на Надал во полуфиналето ќе биде Хуан Мартин Дел Потро, што ќе биде нивни четврти меч на последните пет Грем слем турнири.
Австриецот фантастично го почна најдолгиот меч во историјата на УС Опен , па Шпанецот успеа да освои само седум поени. Доминик на тој начин стана првиот играч кој на некој Гренд Слем турнир успеал да освои сет без да загуби гем и против Надал и против Ѓоковиќ.
Сепак, Шпанецот успеа да се врати во мечот и во следниот сет во деветиот гем направи брејк што му беше доволна да го изедначи резултатот. Тим подобро влезе во третиот сет и избори водство од 5:3 и сервираше за сет, но по двојната сервис грешка Надал освои четири гема по ред.
Австриецот не се предаде во четвртиот сет и пак прв ибори брејк, но Надал возврати па Тим во тај-брекот оствари предност на стартот од 3:0, што беше доволно да го изедначи резултатот.
Младиот Австриец форсираше и во петиот сет, но се чини дека неговото неискуството беше причина Надал да го освои петиот сет исто така во тај-брејк.
Претходно Дел Потро го победи Џон Иснер со 3:1.