Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по десетти пат во кариерата го освоите римскиот Мастерс 1000 победувајќи го во неделното финале првиот играч на светот Србинот Новак Ѓоковиј со 7-5, 1-6 и 6-3 по два часа и 49 минути игра.
Ова бепе 57-ми меѓесебен дуел на Надал и Ѓоковиќ, а Шпанецот ја намали предноста на Србинот на 28-19. Кога станува збор за финалните мечеви во Рим, Надал сега води со 4-2, а се изрмани со Ѓоковиќ според бројот на освоени Мастерс титули – 36.
Ѓоковиќ подобро го започна мечот и поведе со 2-0, но веднаш ја загуби предноста. Надал со уште еден „брејк“, за водство од 6-5 создаде клучна предност за освојување на првиот сет.
Во вториот се Ѓоковиќ беше супериорен и со два „брејка“ дојде до третиот сет. Во него Надал при 2-2 спаси две „брејк топки“, а во следниот гем го остави Ѓоковиќ на нула за единстениот „брејк’ во речавачкиот сет и така стаса до десетиот триумг на Форо Италико.
Надал во своето 125-то финале во кариерата дојде до 88-та титула, а Ѓоковиќ остана на 82 освоени трофеи во 118 финални соочувања.
Надал од Рим заминува со 1.000 бодови и 245.085 евра, додека Ѓоковиќ освои 600 бодови и 145.000 евра.