Шпанскиот тенисер Рафаел Надал следниот месец треба да се врати на тениските терени на тенискиот турнир во Доха.
Организаторите на АТП турнирот 250 во Доха, кој започнува на 19-ти февруари, објавија опис на пријавените и во него е вклучено името на 37-годишниот Шпанец, кој го откажа настапот на Австралија Опен поради повреда поради кинење на мускулот го заработи на турнирот во Бризбејн, каде што се врати во натпреварувањето по долга пауза.
Триесет иседумгодишниот Надал изјави дека планира да се пензионира по сезоната 2024 поради серијата повреди што му го ограничуваат настапот на трунирите. Тој испадна од топ 100 првпат по 20 години претходно сезонава и падна на 240-то место во светот, но има право на заштитен пласман затоа што е повреден и не се натпреварувал најмалку шест месеци.
Тој, исто така, изрази желба да игра на Олимписките игри во Париз следната година на тенискиот турнир што ќе се одржи на терените Ролан Гарос, каде што освои 14 од неговите 22 големи титули.