Шпанскиот тенисер Рафаел Надал од денеска пак е најдобриот светски тенисер, според најновата ранг листа на Асоцијацијата на тениски професионалци, од каде го смени Швајцарецот Роџер Федерер.
Ова е епилог на раното испаѓање на Федерер од турнирот во Мајами, каде Надал не ни учествувал, така што Швајцарецот изгубил бодови, односно не ги одбранил од ланскиот турнир.
Треба да се спомене и дека победникот на АТП Мајами, американецот Џон Изнер, кој беше подобар од Димитар Зверев со 2:1, што е негова прва титула на мастерс турнир, од 17 место на АТП листата скокна на деветтата позиција. Германецот Зверев, пак и покрај поразот се качи едно место на листата, па сега е на четвртата позиција.
Трет светски рекет и понатаму е Хрватот Марин Чилиќ, а петти е Бугаринот Григор Димитров кој падна од четвртата позиција. Од шестото до осмото место нема промени, па по Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро следат Австриецот Доминик Тим и Кевин Андерсон од Јужноафриканската република. На десетата позиција е Давид Гофан од Белгија, кој претходно беше на деветтата позиција.
Порашениот најдобар тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ од 12, падна на 13 позиција.