Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти првиот голем турнир сезонава Австралија Опен, кој започнува за една седмица, откако го повреди мускулот на тенискиот турнир во Бризбејн.
Настапот во Бризбејн беше прв за Надал по подолга пауза, но Шпанецот, кој на турнирот стигна до четвртфиналето, за жал, доживеа кинење на мускулот.
„Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам со максимално ниво на строгост во натпревари од пет сета. Летам назад во Шпанија за да го видам мојот лекар, да се лекувам и да се одморам“, објави Надал на социјалната мрежа X.
Надал двапати го освои Австралија Опен, а последната победа ја забележа во 2022 година кога го победи Русинот Данил Медведев.
37-годишниот Надал, кој досега има освоено 22 грен слем титули, првично се очекуваше да биде надвор од терените осум седмици, но тој имаше операција на мускулот на колкот во јуни.
Во декември беше објавено дека шпанскиот тенисер го потврдил своето учество на Австралија Опен.
Надал изјави дека планира да се пензионира по сезоната 2024 поради серијата повреди што му го ограничуваат настапот на трунирите. Тој испадна од топ 100 првпат по 20 години претходно сезонава и падна на 240-то место во светот, но има право на заштитен пласман затоа што е повреден и не се натпреварувал најмалку шест месеци.
Тој, исто така, изрази желба да игра на Олимписките игри во Париз следната година на тенискиот турнир што ќе се одржи на терените Ролан Гарос, каде што освои 14 од неговите 22 големи титули.