Рафаел Надал ќе го гледаме во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Париз, откако првиот фаворит за титулата во Франција ја мина и втората пречка во денешната програма во Берси Арена.
Шпанскиот тенисер вчера мораше да прави пресврт против сонародникот Фелисијано Лопез за да стигне до својата јубилејна 1000-та победа во кариерата, но денеска докажа дека не е задоволен само со тоа остварување, туку е дојден по титулата во својот омилен град на професионално ниво.
Надал денеска одигра фуриозен прв сет во кој не му даде никаква шанса на Џордан Томпсон (6:1), но сепак Австралиецот покажа повеќе отпор во вториот сет и го одведе истиот во неизвесна завршница.
Тајбрејкот го реши победникот во вториот сет, каде Надал сепак покажа класа во 13-от гејм кој го доби во своја корист со 7:3 за пласман во наредната рунда.
Во оваа фаза, Рафа ќе има уште една пресметка со свој добар познаник, бидејќи ривал ќе му биде повторно негов сонародник, Шпанецот Карењо Буста.