Надлежните препорачуваат почеста контрола на лицата со дијабетес

Пациентите со дијабетес да бидат добро регулирани и да се спречат комликациите од оваа болест. За тоа е неопходно почеста контрола на пациентите, проширување на инсулинските центри каде ќе се третира дијабетесот, отворање нови амбуланти и вклучување повеќе доктори од целата држава за подобра грижа за пациентите.

Ова се дел од целите на Националната комисија за дијабетес, формирана при Министерството за здравство која работи веќе четири месеци. Целите на денешната прес-конференција ги соопшти проф. д-р Татјана Миленковиќ.

– Во Националниот систем за електронска евиденција или т.н. „Мој термин“ се интегрирани сите препишувачи на инсулин, од цела држава. Последниот месец во овој систем се интегрираа и пациентите на инсулинска пумпа, кои претходно не беа. Овие пациенти, нивните сетови, резервоари ги снабдуваат на истото место каде го снабдуваат и инсулинот, во инсулинските аптеки со инсулински рецепти. Не мора да доаѓаат за тоа во Скопје, истакна таа.

Обезбедена е, како што нагласи, доволна количина и на сетови, и на сензори со кои се мери гликемијата на луѓето кои се на инсулин или на инсулински пумпи. Тие сензори како и досега се испорачуваат до универзитетските клиники за ендокринологија и педијатрија.

Миленковиќ потсети дека сите луѓе со дијабетес со тип 1 имаат 125 ленти бесплатно годишно, обезбедени со програмата на Владата за мерење на гликемија. А оние со тип 2 на инсулинска терапија имаат 30 ленти месечно.

Таа информира дека Националната комисија за дијабетес прави и ревизија на работата на сите доктори како го спроведувата лекувањето на луѓето со дијабетес и нивната контрола. Во следните две години, посочи таа, со помош на Владата се добиени 50 инсулински пумпи за да се постават кај деца со дијабетес тип 1.

Проф. д-р Мирјана Кочова од Детската клиника во Скопје соопшти дека досега досега децата ги контролирале на три месеци, а сега ќе ги следат на четири, пренесува МИА.

– Овој систем обезбедува, доколку е потребно да ги контролираме и секој месец. Не треба да бегаме од контролата. Сите, децата и возрасните мора да се контролираат многу редовно за да се избегнат компликациите, рече Кочова и додаде дека воведувањето на заеднички преглед и рецеп ќе помогне пациентот да се обрати до својот лекар. Во системот „Мој термин“ за дијабетот ќе бидат внесувани и резултатите од контролата на пациентите.

Одговарајќи на новинарско прашање, Миленковиќ рече дека испораката на инсулин се врши редовно.

Доколку не се лекува оваа болест може да доведе до слепило, бубрежнби, кардиоваскуларни болести.