Надлежните од МЗШВ денес на терен во Стајковци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, заменик министерот Ванчо Костадиновски и Државниот сектетар Бесир Јашари денеска ќе ги посетат населените места во општина Гази Баба кои настрадаа од поплавите.

Воедно тие ќе извршат увид во работењето на комисиите формирани од министерството за земјоделство за проценка на штети во земјоделското производство.