Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во интервју за Факултети.мк, меѓу другото, зборуваше и за проблемот со учебниците.
– Сите учебници што се одобрени за користење во основното образование се набавени, односно испечатени и испорачани до училиштата. Реакциите беа за учебниците во прво, второ, четврто и петто одделение кои се нови и точно е дека се доцнеше со нивното печатење и испорака, затоа што и процесот на изработка и одобрување е комплексен. Но, тоа е надминато. Наскоро ќе започнеме и постапки за избор на учебници по странски јазици во основното образование и по нивно завршување, и тие ќе се испечатат и ќе се испорачаат. Воедно, ќе следува и печатење на 50-ина учебници за средно стручно образование кои се одобрени од Националната комисија за учебници и првпат ќе се користат оваа година – изјави Шаќири.
Тој додаде и дека се подготвува нов закон кој треба да го подобри процесот на обезбедување учебници и да го подигне квалитетот на содржината во нив преку поставување повеќе филтри за контрола.