Надминување на состојбата во високото образование и науката

Последните мои коумни беа посветени за образованието, поконкретно високото и ќе продолжам со пишувањето за состојбите во високото образование, науката, истражувањето и слично. За овИЕ состојби сум пишувал и повторно ќе биде посветено за истакнатите и наталожени проблеми и слабости во развојот на образовниот систем, науката и истражувањето и развојот кои се последица на неосмислените, палијативни и политички инструментализирани „реформи заради реформи“, и се’ поголемиот расчекор со европските и глобалните промени што се случуваат во полето на знаењата, истражувањето и развојот затоа се налага и е потреба од надминување на состојбите во виското образование и и наука и  тоа:

  • Формирање на експертска комисија, односно Совет за реформи во високото образование, науката и истражувањето и развојот, со учество на преставници на универзитетите и научните институции, МАНУ, МОН, бизнис заедницата и граѓанскиот сектотор. Со задача критичко преиспитување на широко разгранетата и хиперттрофирана универзитетска мрежа и предлози за нејзино рационализирање на Болоњскиот процес и особено врз обврските што ќе придонесат за воведување европски стандарди и критериуми за квалитет на високото образование и на науката и за интеграција на земјата во единствениот европски процес на високото образование, осмислување на основите на системот на финансирање и слично;
  • Врвен приоритет треба да биде подигање на квалитетот на високото образование и на научно-истражувачката дејност. Тоа ќе се оствари со примена на инструменти развиени на водечките европски универзитети, согласно Болоњската декларација за европско подрачје на високото образование. Примената на европските стандарди за квалитетот имплицира комплетно модернизирање на наставните програми и содржини, на постапките, и содржини, на постапките на евалуација на институциите, и заострување на критериумите за избор во академски и научни звања на јавните и приватните универзитети и слично;
  • Концептот на високото образование, неговите содржини, програми и цели мора да бидат засновани врз принципот на единство на наставната и истражувачката дејност, осовременување на наставните програми и содржини.

Неопходно е заострување на критериумите за оцена на научноистражувачката дејност на универзитетските професори и за одлучувањето за нивното напредување во повисоки наставно-научни звања. Неопходно е вклучување на студентите на редовните и на посдипломските студии во научно-истражувачка работа, а докторските студии треба да имаат исклучиво истражувачки карактер-застапеноста на ова компонента треба да биде битен предуслов за акредитирање на докторските програми.

  • Приоритетна задача е преиспитување на постојната хипертрофирана мрежа на високообразовните институции. Формирањето на нови високообразовни институции-универзитети и факултети и нивна необислена дисперзија, неможе да биде самоволен чин на Владата, детерминиран од интересите на политичките партии и од теснопартиски апетити и амбиции на луѓе што се стекнале со највисоки научни звања во хипертрофираниот систем на високотообразование. Ваквата практика води директно до пад на квалитетот на високото образование (на наставата, научноистражувачката дејност, критериумот на оценување на студентите, на критериумот за напредување на наставниот кадар и сл.) ни испорачува далекусежни негативни последици.

Финансирањето во високото образование и наука

  • Финансирањето на високото образование и науката треба да претрпи коренити промени. Треба да се размисли примерот на Република Словенија. Финансирањето е уредено со посебен  закон (Закон за буџети).

Партиско влијание на универзитетите

  • Да се зацврсти автономијата на Универзитетот и неговите членови, а не со арбитрирање со одлуки на партиско влијание да има избор на соработници и наставници, на раководни функции (посочувајќи од ректори, декани па до раководители на одделенија и катедри), како и инволвирање во студентското организирање.

Потикнувачки мерки

  • Неопходни потикнувачки мерки за запишување на студенти на факултетите за природно-математичките, техничко-технолошки, биотехнички науки и сл.Во земјите на Западен Балкан постои вишок дипломирани кадри во областите бизнис, администрација и право и недостиг на дипломирани во природните науки, математика, статистика, а се појавува и недостиг во сверата на ИКТ. Податоците за бројот на дипломирани студенти во Република Македонија, според областите на студирање за последниве шест-седум години потврдуваат дека меѓу 70% (осто) од дипломираните студенти им припаѓаат на општествените и на хуманитарните науки, меѓу 3,8% (отсто) и 4,7% (отсто) на природно-математички науки, меѓу 12% (отсто) и 15% (отсто) на техничко-технолошки науки и меѓу 7% (отсто) и 12% (отсто) на медицинските и на биотехничките науки. Неопходно е преиспитување на хипертрофираната мрежа на високообразовни институции и нејзина рационализација да се води сметка и за овој критериум, ова од причина што голем број на новоотворени факултети се во областа на општествените науки, што е резултат на лабавите критериуми на акредитација на новите факултети и што директно води кон уништување на квалитетот на наставата и истражувачката дејност, со прекумерна комерцијализација на високообразовната свера до нелојална конкуренција.

Причина за невработеност

  • Неусогласеност на системот на образование со пазарот на трудот во Македонија е една од причините за појава и одржување на структурна невработеност. За надминување на ваквите состојби е неопходно:

Прво, модернизирање на  на курикулумите и методите на предавање и учење на факултетот. Второ, развивање практика (практична работа на студентите во фирми и институции) во текот на нивното студирање. Трето, развивање на дуални програми на високообразовните институции, кои се особено значајни за зголемување на знаењата и вештините, кои се особено значјани за зголемувањето на знаењата и вештините на студентите.

А, тоа значи наставата да се изведува на високообразовната институција независно од компанијата, а практичната настава во компанијата. Ваквиот систем бара постоење тесна врска меѓу компаниите и високообразовните институции и јасно дефинирање на специфичните цели на дуалните наставни програми.

Констатација и заклучок 

Од претходно наведеното може да се констатира и заклучи неопходно е системот на високото образование кој во Република Македонија го сочинуваат јавни и приватни институции, од аспект на легислативата мора да биде единствено уреден. Отука, сите решенија во однос на критериумите за основање, евалуација, акредитација треба да бидат целосно изедначени.

Треба да се размисли за можноста, наместо постојното Министерство за образование и наука во иднина да се формираат Министерство за образование  (предучилишно, основно и средно) и Министерство за високо образование и наука, при што средствата кои ќе се издвојуваат за високото образование и наука од Буџетот на Република Македонија да не одат во пакет со средствата издвоени за пониските степени на образованието.

На потег е новата Влада на Република Македонија!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес