
Надворешниот трговски суфицит на Руската Федерација во периодот од јануари до јуни годинава се зголемил за повеќе од 2,6 пати во однос на првото полугодие од минатата 2021 година, и изнесувал 158,4 милијарди долари, пренесува во понеделникот агенцијата ТАСС повикувајќи се на прелиминарните процени на руската Централна банка.
Истовремено, суфицитот за сметка на платниот биланс на Русија во шесте изминати месеци од годинава, се зголеми за 3,5 пати, на 138,5 милијарди долари, според истиот извор.
„Динамиката на тековната сметка на платниот биланс на плаќања беше утврдена со проширувањето на позитивното салдо на стоките и услугите како резултат на значителното зголемување на извозот поради поволните ценовни услови, со намалување на увозот“, се наведува во објавата на рускиот финансиски регулатор без да се дадат поединости.