Нафтено складиште погодено од воздушен напад во северот на Украина

Магацин за нафта во градот Чернихив, северна Украина, бил погоден од гранатирање за време на воздушен напад утринава, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

Фотографиите од Чернихив покажуваат облаци од густ црн чад од, како што изгледа, резервоари со нафта, со пожарникари и работници за итни случаи на лице место.