Наѓ: Треба да се фокусираме на Македонија и Австрија

Ракометарот на Веспрем, Ласло Наѓ, кој заради повреда го пропушти Европското пвенство во Данска  е оптимист дека Унгарија може да стигне до второто место во Групата 1 со што би изборила пласман во полуфиналето. Тој смета дека Унгарија може да ги победи Македонија и Австрија.

„Треба да бидат фокусирани на тие два меча, Македонија и Австрија, додека против Данска ќе биде многу тешко, тие се шампиони и играат на домашен терен“ , изјави Наѓ.

Македонија ќе и биде противник на Унгарија, во првото коло во новоформираната Група 1. Унгарците, во првата фаза настапуваа во Б групата заедно со Шпанија, Исланд и Норвешка и иако не забележаа ниту една победа изборија пласман во втората рунда. Унгарија, во новоформираната група ќе стартува со еден бод, кој го освои против Исланд (27:27).

„Не успеавме да победиме, одигравме два пати нерешено против Исланд и Норвешка, но ја остваривме минималната цел, се пласиравме понатаму“, додаде Наѓ.

Македонија и Унгарија, утре во Хернинг, со почеток во 16 часот, ќе ги отворат натпреварите во втората фаза.