
Свечено врачување на наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија денеска ќе се одржи во Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Добитници на наградата ќе бидат шест најдобри студенти од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за ликовни уметности за учебната 2013/2014 година.
По завршувањето на наградата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Фондацијата „Македоника“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел за создавање и развивање на најголема е-библиотека на универзитетски учебници на македонски јазик.