Сопственичка на патна торба во петокот даде оглас во германските весници и на чесниот наоѓач му нуди награда од 30.000 евра.
Во огласот објавен преку цела страница на дневниот весник Bild се наведува дека се бара сива актовка од брендот „Brioni“ заедно со содржината.
Сопственичката не наведува што се наоѓа во торбата изгубена на 4-ти ноември во ресторан на главната железничка станица во Берлин. За контакт ја понудила само својата електронска адреса.
Весникот Spiegel пишува дека сопственичката е жена во 50-те години, а дека во торбата бил семеен накит и важни документи. Цената на толку големиот оглас во Bild чини точно 23.866 евра, дознава весникот