Награда од 300 евра за оној ќе лежи најдолго

Црногорските  олимписки игри ќе се одржат и оваа година, а за победникот во лежење предвидена е награда од 300 евра, 100 евра повеќе од минатата година.

Традиционалното првенство во лежење или Црногорската олимпијада ќе се одржи во етно селото „Монтенегро“ на 3 август. На Црногорската олимпијада освен „лежачи“, ќе има и натпреварувачи во брзо пишување пораки, но и ќе се трча „црногорски маратон“ од дури 50 метри.

Кој прв ќе стигне на целта ќе добие 50 евра, а толкава награда е предвидена и за оној кој најбрзо ќе ја напише пораката.

Минатогодишниот победник Никшичин Владан Бајалица лежеше 32 часа и освои 200 евра.