Првиот руски војник ја доби паричната награда од милиони рубљи, односно малку помалку од 12.000 американски долари, за уништување на германски тенк од моделот „Leopard“ на украинското боиште, пренесуваат во вторникот руските медиуми повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Наградата, којашто ја издвоила фондацијата на претприемачи „Грижа за Сибир“ на војникот му ја предал рускиот сентарот Алекандар Карелин, трикратен олимписки првак во борење во грчко-римски стил.
„Во националниот медицински истражувачки центар за високи медицински технологии ‘Вишневски’, на рускиот војник Андреј Кравцов, кој во текот на битка уништи тенк ‘Leopard’ му беше врачена наградата во износ од милион рубљи“, се наведува во цитираното соопштение.
„Овие впечатливи дополнителни исплати за оние кои му нанесуваат материјална штета на непријателот се плус за она што го прави државата. Тоа е плус. Во никој случај не е изплата. Имаме договори. Ова го правиме во координација со Министерството за одбрана според на договорените идеи“, се цитира сенаторот во пораката.
Од почетокот на јуни со почетокот на украинската противофанзива чија цел е истиснување на руските трупи од Укриана во која Киев многу надежи полага на напредните тешки оклопни борбени возила испорачани од земјите на НАТО, повеќе руски преприемачи и компании објавија дека нудат парични награди за руските војници кои ќе уништат западните тенкови. Фондацијата „Грижа за Сибир“, ги обедини претприемачите кои излегоа со иницијативата за создавање фонд од нивни лични средства со цел да ги поттикнат руските војници за уиштувања на тешката воена опрема на украинската војска од западно производство.
Руските медиуми минатиот викенд емитуваа снимки на коишто е прикажано, како што се тврди, два германски тенка „Lеopard 2“ заробени во Украина кои се натоварени и пренесени во Русија.
Минатата седмица, руското Министерство за одбрана, исто така, тврдеше прикажувајќи снимки од уништени тенкови и други оклопни борбени возила, дека само во првите три дена од почетокот на украинската контраофанзива биле наводно уништени над 70 тенкови „Leopard“ од германско производство и десетици оклопни борбени возила „Bradly“ од американско производство.