Наградени серии на Телеком Србија на 28-миот Сараево Филм

Со освојувањето на наградата на овогодишниот Сараево филм фестивал, компанијата Телеком Србија се здоби со уште една потврда за квалитет од регионот кога станува збор за продукција на сериска и филмска содржина. Квалитетот на содржините на Телеком Србија препознаен е преку 27 номинации во различни категории, а регионалниот продукциски лидер ги претстави и своите идни проекти кои ја одушевија публиката.
„Телеком Србија ја продолжува мисијата на интернационализација на своите серии и популаризација на домашната кинематографија. Фактот дека креираме серии кои се гледани на пет континенти ни дава ветар во грб и поттик за да бидеме уште подобри и покреативни и секоја година да ги поместиме границите на квалитетот на продукцијата промовирајќи го на тој начин нашиот регион како плодна почва за создавање квалитетни содржини“, изјави Владимир Лучиќ, генерален директор на компанијата Телеком Србија.
За Срцето на Сараева, главната награда на фестивалот, беа номинирани дури седум проекти на Телеком Србија во сите категории – „Беса 2“, „Убијците на мојот татко 5“, „Чудни љубови“, „Блок 27“, „Сложни браќа 2“, „Мочуриште 2“ и „Црна свадба“. Најголемиот број номинации, во досега најсилната конкуренција, е само една од потврдите за највисок квалитет на продукцијата Телеком Србија.
Телеком Србија продолжува со производство на врвна содржина, па претставничките на оваа компанија Марина Гаровиќ и Јасмина Лакобрија со авторите на сериите во салата на фестивалскиот центар претставија некои од идните проекти на продукцијата Телеком Србија, како што се сериите „Волјата на синот“, „Бунар“, „Прошетка со лав“, „Посета“, „Пасјача“ и „Немирни“. Позитивните реакции на публиката недвосмислено укажуваат дека со нетрпение ги очекуваат новите проекти и дека во иднина некои од нив можеби ќе бидат главни претенденти за наградите на овој фестивал.
Давесет и осмиот по ред Сараево филм фестивал и оваа година ги собра најуспешните претставници на филмската индустрија од регионот и светот, со цел меѓународна промоција на регионалните остварувања, таленти и идни проекти. Во текот на осумте дена на фестивалот во Сараево, повеќе стотици медиумски и телевизиски експерти и критичари сведочеа за големиот успех на продукциската куќа Телеком Србија и уживаа во најновите достигнувања на регионалната и светската кинематографија.