На Волстрит и во четвртокот цените на акциите паднаа за повеќе од 1 отсто, трет ден по ред, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина на увозот на челик и алуминиум, што предизвика стравување од раст на цените и почеток на трговска војна.
Индексот Dow Jones потона за 420 поени, или за 1,68 отсто, на 24.608 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,33 проценти, на 2.677 поени, а Nasdaq индексот падна за 1,27 отсто, на 7.180 индексни поени.
Остриот пад на овие водечки индекси трет ден со ред е последица на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека од следната седмица САД ќе воведат царина на увозот на челик од 25 а на алуминиумот од 10 отсто, што предизвика стравување на вложувачите од раст на инфлацијата и започнување трговска војна.
Најавата за царини ги поттикна цените на акциите на американските производители на челикот и алуминиумот, па така акцијата на „U.S. Steel“ поскапе за речиси 6 отсто.
Од друга страна, пак, паднаа цените на акциите на оние компании коишто се големи потрошувачи на овие суровини, во прв ред на автомобилската индустрија. Акциите на „Ford“ и „General Motors“ поевтинија меѓу 3 и 4 отсто. За повеќе од 2 процента паднаа и акциите на индустриските гиганти, како што се „Boeing“ и „Caterpillar“, бидејќи инвестиорите стравуваат дека ќе пораснат цените на акциите на сировините и дека компаниите ќе се соочат со трговски пречки на странските пазари.
„Во вакви случаи секогаш постои страв од одмазда. Имајќи ги предвид сите отворени трговски прашања, можни се трговски војни, а тоа би можело да ја поттикне инфалцијата. Бидејќи, веројатно, цените ќе пораснат“, вели во анализата за Reuters Чак Карлсон, директор во компанијата „Horizon Investment Services“.
На одговор на најавата на Трамп не требаше долго да се чека. Европската унија „остро и пропорционално ќе реагира во одбрана на своите интефеси“, порача претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и додаде дека Комисијата следните денови ќе ги претстави предлог противмерките на САД, според правилата на Светската трговска организација (СТО – WTO).
Канадскиот министер за меѓународна трговија, Франсоа-Филип Шампањ предупреди, пак, на „неприфатливоста“ на можните царински давачки во САД.
„Постои голем ризик дека нашите трговски партнери, особено Кина, ќе возвратат со противмерки“, вели Марк Лускини,стратег во компанијата „Janney Montgomery Scott“.
Несигурност поради инфлациите и каматите
Освен можноста од трговски војни, на пазарите владее и несигурост и поради можниот раст на инфлацијата и каматните стапки во САД. Волстрит е под притисок од вторникот, кога новиот претседател на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел, рече дека банката ќе продолжи да ја води досегашната политика на постепено зголемување на каматните стапки, како и дека очекува забрзување на растот на економијата, што може да ја поттикне инфлацијата.
Неговите изјави се сфатени на пазарите како најава за забрзување на темпото на зголемување на каматите на Fed. Минатата година банката во три наврата ги зголеми клучните каматни стапки за по 0,25-процентни поени, а по коментарте на Пауел зајакнаа шпекуалциите дека Fed годинава би можел да ги зголем каматите во четири наврати, почнувајќи веќе во март.
Пуел во четвртокот во продолжение на својот извештај во Конгресот на САД се обиде да ги примири пазарите, велејќи дека нема сигнали за „прегревање“ на економијата и дека Fed ќе ги зголемува каматите постапно.
Меѓутоа, Вилијам Дадли, претседател на филијалата на централната банка во Њујорк, во еден од своите јавни настапи најави дека зголемувањето на каматите четири пати годинава може да се сфати како постепено зголемување на цените на парите. Така, повторно се засилија стравувањата на инвеститорите од јакнење на инфлацијата и пребрзото растење на каматите, што уште на почетокот го стресе Волстрит и предизвика остар пад на цените на акциите.
А по остриот пад последните денови, индексот S&P 500 сега е во минус повеќе од 6 отсто во однос на своето рекордно ниво достигнато на 26-ти јануари. Покрај тоа, овој индекс, како и Dow Jones, ги изгуби сите свои добивки од почетокот на годинава.