Најавени нови протести во Сараево, Тузла, Мостар…

Во повеќе градови од федерацијата Босна и Херцеговина  меѓу кои се Сараево, Тузла и Мостар денеска се најавени нови протести.

За точно напладне се најавени протести на граѓаните во Сараево пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Во Тузла обезправените работници на уништените индустриски гиганти повторно ќе излезат на улица. Планирано е тие да се собираат секоја среда за да укажат на тоа дека нивните проблеми не се решени.