Најави за ребаланс на Буџетот

(Фото: МИА)

По само два месеца од донесување на досега историски најобимниот Буџет од 3,.5 милијарди евра со дефицит од над 300 милиони евра и очигледно превисок проектиран раст, ќе доживее ребаланс.

Економскиот советник на премиерот Ванчо Узунова, во емисијата „Клик плус“, минатата седмица рече меѓу другото дека власта планира ребаланс, а по него и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Бошњаковски на денешната прес-конференцција во Владата информираше дека власта размислува за ребаланс.

„Барем една третина од вкупните средства кои ги планира Владата за целиот овој план во една година, тоа е фактички до првиот ребаланс“, рече економскиот советник на Владата, професорот Ванчо Узунов, во ТВ21.

Според изјавата на советникот за економски прашања во Владата, професорот Ванчо Узунов владата уште во февруари размислува за нов ребаланс на буџетот кој го донесе во декември.

Барем една третина од вкупните средства кои ги планира Владата за целиот овој план во една година, тоа е фактички до првиот ребаланс, рече економскиот советник на Владата, професорот Ванчо Узунов.

На ова тогаш реплицираше Христијан Делев кој посочи дека најавите за ребаланс на буџет уште во самиот почеток на буџетската година говорат дека или не се остварува буџетската проекција на Владата или не знаат како да менаџираат со парите на граѓаните.

Кажавте фрапантни работи дека ќе има ребаланс, а февруари е, тоа значи дека нема да го реализирате планот кој што сте го донеле пред граѓаните. Тоа значи , за сите нас како граѓани, дека тоа што го донесовте со закон за Буџет, не важи. Тоа е многу лош и несериозен пристап. Тоа значи дека нема да се изградат патиштата, тоа значи дека не знаете да ги потрошите парите или не сте успеале да соберете толку средства колку што сте планирале. Тие се двете работи за ребаланс, заклучи Делев.

https://www.youtube.com/watch?v=wTmZaz16Fw8