Најбогатите 26 луѓе сега поседуваат исто богатство како најсиромашната половина од светот

Меѓународната непрофитна организација Oxfam објави во понеделникот дека во минатата 2018 година 26-те од најбогатите луѓе на светот поседуваат богатство коешто е еднакво на она коешто ја има половината од најсиромашните, додека во претходната 2017-та таквото богатство го поседувале 43 лица.

Најновото истражување коешто го пренесуваат светските агенции, покажува дека во 2018 година богатството на милијардерите растело дневно за 2,5 милијарди долари, зголемувајќи се во текот на една година за 12 отсто. Истовремено, богатството на половината од најсиромашните во светот се намалило за 11 отсто.

Извештајот е објавен под насловот „Јавно добро или приватно богатство“, и тоа традиционално во периодот на одржувањето на Светскиот економски форум во швајцарски Давос. Притоа во извештајот се повикува на глобална ревизија на даноците.

Од Oxfam ги повикуваат владите да ги зголемат даноците за корпорациите и имотите на најбогатите во светот, за да го запрат сѐ поизразеното продлабочување на јазот по прашањато на распределбата на светското богатство. Владите ја поттикнуваат нееднаквоста со недоволното финансирање на јавните услуги, додека истовремено „премалку ги оданочуваат“ корпорациите и богатите, а исто така не успеваат да го сопрат затајувањето на даноците, се додава во извештајот.

И додека на секои два дена се појавува еден нов милијардер, од Oxfam тврддат дека стапкита на даноците кои се применуват на приходите и сопственоста на богатите поединци паднале на најниското ниво во последните неколку децении. Според извештајот, со зголемувањето на оданочувањето на сопственоста на најбогатите во светот, и тоа само за половина процент, би се собрало повеќе од доволни пари за образованието на 262 милиони деца и давање здравствена грижа за да се спасат 3,3 милиони животи во светот.

Меѓутоа, таквиет даноци се намалувале, па дури и се укинати во богатите земји, додека земјите во развој речиси и не ги применуваат, се констатира во извештајот на Oxfam. Стапките на оданочувањето на корппорациите во богатите земји се спуштле од 62 отсто во 1970 на 38 отсто во 2013 година, додека просечната стапка на оданочување во сиромашните земји моментално изнесува 28 отсто. Забележано е, исто така, дека во некои земји, како на пример Бразил, најсиромашните 10 отсто од населението плаќаат повеќе даноци на приход отколку најбогатите 10 отсто.