Кинеската економија пораснала во первиот квартал од 2017 година за 6,9 отсто на годишно ниво, што е најбрзиот раст во последните шест тримесечја, благодарејќи на зголемената државна потрошувачка и јакнењето на пазарот на недвижнини.
Податоците што ги објави кинеското биро за статистика во понеделникот покажуваат дека кинескиот бруто домашен производ (БДП) во изминатиот квартал се зголемил за малку поваќе од одекувањата на аналитичарите за 6,8 отсто и повеќе од целените нивоа на владата којашто проценува дека годинава економијата ќе порасне за 6,5 отсто.
Овие податоци укажуваат дека втората според обемот светска економија се стабилизира, по подолгиот период на забавување на растот. Минатата година кинескиот БДП порасна за 6,7 отсто, со најбавно темпо во последните 25 години.
И сега властите во Пекинг го поттикнаа растот на економијата со инвестиции во инфраструктурата и во пазарот на недвижнини. Во двата сегемента растот е забразан во однос на минатата 2016 година, со што се надоместува малку послабиот раст на секторот услуги. Инвестициите во фиксниот капитал пораснале во изминатот квартал за 9,2 отсто споредено со ланскиот период, додека инвестициите во невижнините зајакнале за 9.1 отсто.
Многу аналитичари сметаат дека презагреаниот пазар на недвижнини претставува најголем ризик за кинеската економија, но не очекуваат неков крах туку постепено забавување на растот поради админситративните ограничувања. Имено, последните седмици повеќе од 20 градови воведоа мерки за зауздување на растот на цените на недвижнините, бидејќи минатогодишните слични мерки не дадоа позначителни резултати.
А силниот раст на пазарот на недвижнини го повлече и произведувањето на челикот, кое во март достигнало рекордни нивоа. Сепак, аналитичарите предупредуваат на растот на резервите, а паѓаат и цените на челикот, што укажува дека понудата расте побрзо од побарувачката.
Сепак, има и позитивни сигнали од потрошувачкиот фронт, па така по седум квартали забавување на раст, во минатото тримесечје расположивите приходи пораснале за 7 отсто, набризо од крајот на 2015 година. Тоа, пак, укажува на јакнењето на домаѓната потрошувачка.
Прометот во трговијата на мало пораснала за 10,9 отсто на годишно ниво, а значително последните месеци пораснала и продажбата на автомобили, по забавувањата од почетокот на годината кога владата ги укина шоттикнувањата.
Освен јакнењето на домашната потрошувачка, што ја намалува зависнсота на кинеската од економија од растот на извозот, аналитичарите како пшозитивен знак ги издвојуваат и приватните инвестиции. Во изминатото тримесечје пораснале за 7,7 отсто на годишно ниво, па се очекува дека во иднина растот на економијата помалку ќе зависи од државните вложувања.