Новата сезона во Ice Cross Downhill се движи брзо како и нејзините натпреаврувачи. По возбудливиот старт со 140 илјади гледачи во Сен Пол, САД, на 24 јануари, најбрзиот спорт на лизгалки брза кон Европа каде што е втората трка од новиот “Куп на возачите”, закажан на падините на Варгаин-Клајнарл во Австрија, додека во северната Финска ќе се вози втората трка од светското првенство Red Bull Crached Ice, на 7 февруари крај Хелсинки. Потоа и третата рунда од “Купот на возачите” ќе се вози во финскиот град Јиваскила на 14 февруари.
Хелсинки го пречекува Red Bull Crached Ice со својата природна патека по втор пат, а навивачите ќе ги поддржат познатите лица како актуелниот првак Марко Далаго, но и вториот и третиот од ланската сезона, Скот Кроксал од Канада и Камерон Наш од САД. Предизвикан од распаметувачки големата конкуренција, Далаго ќе се соочи со предизвикот за да стана првиот лизгач што ќе ја одбрани титулата светски првак.
Во Сент Пол, светскиот првак од 2012 година Кајл Кроксал од Канада беше оној што ја заработи победата која го изедначи со Финецот Арту Пилаинен кој досега имаше најмногу победи во историјата на спортот. Дин Мириарити Од Квебек, Канада, заврши втор во Сент Пол, а го има и второто место во генералниот пласман бидејќи беше втор и во “Купот” на возачите.
“Купот на лизгачите” е нова серија што е дизајнирана да го направи Ice Cross Downhill подостапен за спортистите низ светот, каде што ќе можат да освојуваат поени за светското првенство. Оваа серија е креирана “од лизгачите за лизгачите”, а во Австрија домаќин ќе биде шампионот Марко Далаго, додека во Јиваскила таа улога ќе ја има Пилаинен.
Календар за 2015 година:
24.01. Сент Пол, Минесота (САД)
07.02. Хелсинки, (Финска)
21.02. Белфаст (Северна Ирска)
14.03. Едмонтон, Канада