
Загадувањето е веќе добро познат поим во целиот свет и тема на многу дебати. Информираноста на граѓаните расте, а со тоа и нивната свест за селектирање и управување со сопствениот отпад. Сепак, на глобално ниво, навистина голем број на луѓе, од навика или неинформираност, сеуште ги фрлаат своите стари електрични и електронски апарати и батерии во кантата за отпадоци заедно со остатоците од храна и органскиот отпад.
До 2017, луѓето ширум целиот свет фрлиле околу 40 милијарди тони отпад годишно, еквивалентно на тежината на 126 Емпаер Стејт Билдинг згради.
Глобално, луѓето фрлиле 42 милиони тони е-отпад во 2014. Овој број се очекува да се зголемува. Во 2017, волуменот на е-отпадот низ светот ќе тежи колку 8 големи Египетски пирамиди, според Обединетите Нации.
На листата на електрични и електронски апарати кои најчесто се заменуваат со нови во светот, а и во нашата држава, предводат мобилните телефони, најчесто заради рапидниот напредок на технологијата и желбата на луѓето да го поседуваат „најновиот“ модел, малите кујнски апарати, мониторите, телевизорите, акумулаторите, батериите, итн.
Граѓаните се заинтересирани да се информираат за важноста на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид отпад ако се наоѓа во нашата животна средина.
Според Законот за управување со отпад, електричниот и електронски отпад не смее да се меша со другите видови отпад. Во Македонија постојат компании со лиценци за колективно постапување со е-отпад.
Елколект како општествено одговорна компанија, заедно со своите членови, интензивно работи на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни центри, превземање на низа активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема, и отпадни батерии и акумулатори.
Целта на компанијата е воспоставување на функционален систем кој е близок до граѓаните и е на услуга на граѓаните, како и постигнување на Националните цели за преработка и повторна употреба на отпадната електрична и електронска опрема.
Низ процесот на постигнување на целите воедно се намалуваат можните негативни влијанија и последиците врз здравјето на луѓето и животната средина.
Локацијата на најблискиот Еко-магацин до Вас, каде можете да го оставите вашиот е-отпад, можете да ја пронајдете на веб страната на Елколект.