Најден е Кристијан, момчето кое исчезна пред два дена

Да запре потрагата по младиот Кристијан, бидејќи тој е веќе е дома, вели таткото на 23-годишното момче кое исчезна завчера по полноќ, на улицата „Водњанска“ во Скопје. На социјалните мрежи се споделуваше апелот да се бара момчето.

– Кристијан се врати ноќеска околу еден часот. Сега спие. Добар е и се е во ред со него. Премногу бевме уморни за утрово да одиме во МВР и да пријавиме дека си дојде – потврди таткото на Кристијан за „Независен весник“.

Исчезнувањето беше пријавено во полиција.