![policija-lenta-stop-policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/policija-lenta-stop-policija.jpg?resize=512%2C293&ssl=1)
Машки труп во распаѓање бил најден во атарот на делчевското село Петрашевец.
Според информацијата од Итната медицинска служба во Делчево, станува збор за 90-годишниот Мирко Стоичов од делчевски Петрашевец чие тело по пријава на негов роднина, е пронајдено утрово во близина на семејната куќа, каде што живеел заедно со својата стара сопруга.
Лекарите кои беа на увид истакнуваат дека телото било во распаѓање, а смртта, најверојатно, настапила од срцев удар, а стариот на местото каде што паднал, лежел мртов повеќе од три дена, при што поради високите температури, неговото тело било во распаѓање, но и видно оштетено од животни.
Настанот го потврдија и од СВР Штип. Портпаролката Гордана Панајотова истакна дека надлежните служби извршиле увид, а според првичните информации, врз телото нема траги на насилство.