Синоќа, половина час по полноќ на автопатот Скопје-Гевгелија во близина на село Удово, од страна на мешовит патролен тим, забележан е автомобил „Шаран“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Е.(25) од Албанија, во кое се пронајдени 12 илегални мигранти од Сомалија, Иран и Бангладеш.
Возачот е лишен од слобода, а илегалните мигранти се приведени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.