
Во два одделни случаи биле најдени и запленети фалсификувани пари во Куманово и околината. Како што информираат од СВР Куманово, во средата биле најдени околу 500 евра и уште 18.000 денари кои биле фалсификувани.
Во првиот случај врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово, полицијата извршила претрес во домот на Б.Џ. (29) лоциран во село Опае, Општина Липково при што се пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети одземени се: 10 банкноти во апоени по 50 евра сите со ист сериски број и 1 (еден) гасен пиштол со 4 куршуми.
По целосно расчистување и документирање на настанот против Б.Џ. ке биде поднесена кривична пријава за „Фалсификување пари“ и Барање за поведување на прекршочна постапка по Закон за оружје.
Во вториот случај од страна на полициските службеници од СВР Куманово во Спортска сала Куманово пронајдени се 18 банкноти по 1.000 денари со ист сериски број, кои се предадени на вештачење во Народна банка на РМ.
СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.