Италијанскиот The Gelato World Tour го прогласи сладоледот со вкус на фстаци за победник за 2017 година, а кој го осмислил слаткарот Алесандро Криспини од „Gelateriа Crispini“ во италијанскиот град Сполето.
Оваа гурманска креација претставува спој од три вида сицилијански фстаци, два од регионот Бронте и еден од Агригенто, а содржи и рафинирана сол од Червија како засилувач на вкусот.
Втората награда ја однесе сладоледот од грозје со зашеќерено сорбето од ореви на германскиот слаткар Гвидо Де Рока, кој го осмислил како признание за Венето, италијанскиот регион од кој потекнува неговото семејство.
Третото место го освои младата Колумбијка Даниела Линче Ледезма од Меделин. Нејзиниот егзотичен производ наречен „Амор-акуја“, ги меша слатко-киселите вкусови на маракујата и темната колумбиска чоколада.