Најдобри спортисти во Европа: Хамилтон прв, Ѓоковиќ по Ноер, а пред Роналдо

Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е најдобар спортист во Европа за 2014. година во традиционалниот избор на полската новинска агенција, во која гласале новинари од 18 агенции.

Хамилтон на тронот го наследи двократниот победник, колегата од Формула 1, Германецот, Себастијан Фетел, освојувајќи само бод повеќе од Мануел Ноер, голманот на Баерн и фудбалската репрезентација на Германија.

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, победник од 2011. година го зазеде третото место, пред фудбалерот на Реал Мадрид, Португалецот, Кристијано Роналдо и францускиот атлетичар, Рено Лавилени.

Најдобро пласирана дама е шестопласираната биатлонка од Белорусија, Дарија Домрачева.

Топ 10 најдобри спортисти во Европа:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1)

2. Мануел Ноер (Германија, фудбал)

3. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис)

4. Кристијано Роналдо (Португалија, фудбал)

5. Рено Лавилени (Франција, атлетика)

6. Дарија Домрачева (Белорусија, биатлон)

7. Камил Шток (Полска, скијачки скокови)

8. Катлинка Хошу (Унгарија, пливање)

9. Марк Маркез (Шпанија, мотоциклизам)

10. Роџер Федерер (Швајцарија, тенис)