
Смеење до солзи, аплаузи, критики кон власта и на годинешната манифестација „Златна бубамара на попопуларноста“.
Непотизмот и вработувањата на цели семејства на функионери од СДСМ беа топ тема на заверашната манифестација која се одржа во скопската сала „Борис Трајковски“, а која пак вечерва премиерно се емитува на Канал 5
Познатиот македонски актер Сашко Коцев се надмина себе си кога имитирајќи ги вработените во скопските маркети кога ги повикуваат своите колеги на „главна каса“, се обрати кон публиката:
– Се моли Мира дизел да се јави на бензиска, а сите роднини во Антикорупциска – рече Коцев по што беше поздравен со бурен аплауз и смеење до солзи.