Компанијата MoveHub која се занимава со истражување и информации за најпопуларните земји за преселување, неодамна објави истражување во која е пресметано колкави се трошоците за живот во земјите ширум светот.
Во истражувањето се користени податоци од најголемите светски бази, а во индексот на потрошувачките цени се зема во предвид и колку луѓето ги плаќаат намирниците, превозот, рестораните и комуналиите.
Македонија, заедно со земјите од регионот Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата земји со ниски трошоци за живот. Резултатите од истражувањето се добиени во споредба со цените во Њујорк.
Во продолжение ќе прочитате кои се 10-те најевтини и најскапи земји за живот во светот.
Најевтини земји за живот: Пакистан, Египет, Украина, Индија, Тунис, Алжир, Косово, Грузија, Азербејџан и Бангладеш
Најскапи земји за живот: Бермуда, Швајцарија, Исланд, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.