Како што опиша член на новинарската екипа на Би-Би-Си, тие биле зафатени во „голема експлозија“ заедно со уште неколку други туристи на италијанскиот остров Сицилија.
Ребека Морел, новинарка на Би-Би-Си за наука, твитнала дека дошло до исфрлање на лава и големи количества на пепел.
Екипата на Би-Би-Си ја зафати голема експлозија на Етна. Има неколку повредени и луѓето се евакуирани, пишува таа во твитерот.
Доста се повредени, има и повреди на глава, опекотини, посекотини и модринки. Вулканолозите велат дека е во прашање наголемата експлозија во последните 30 години, додава таа во својот нареден твит.
Таа објаснува дека е во група со луѓе, меѓу кои била и една постара жена (78) која била погодена од „зажарени камења и врела пареа“ и дека „сите тие се многу среќни што успеале да побегнат“.
Шестмина луѓе моментално се наоѓаат во болница.
Експлозии како овие можат да бидат фатални. Трчавме низ планината, а вжештени камења паѓаа по нас. Искуство кое повеќе не сакам да го повторам, додава новинарката.
Највисокиот европски вулкан последен пат се активираше на крајот од ферурари, а вулканолозите тогашната ерупција ја опишаа како експлозивна, што значи дека лавата и пепелта се исфрлаат со голема сила.
Етна на Сицилја се наоѓа во речиси непречена активна состојба, што значи дека често го менува обликот во однос на било кој друг вулкан.
Во текот на една таква експлозија во јануари на кратко биле евакуирани локалните училишта.
Со Везув, во близина на Наполи, Етна е висока 3.300 метри и е еден од 16 вулкани на светот означени од ОН како „Decade Volcanoes“, односно на нив се приоѓа научно поради зачестената активност и густина на население кое се наоѓа во близина.