а добар секс најважна е добрата комуникација помеѓу партнерите. Недостатокот од комуникација за време на сексот е најголемиот проблем во креветот кој подеднакво ги мачи и мажите и жените. Експертите тврдат дека сите правиме една голема грешка: Премалку ги слушаме нашите партнери, односно не обрнуваме внимание на нивните желби и ги игнорираме нивните реакции.
Во истражувањата спроведени на оваа тема многу жени се пожалиле дека мажите честопати премногу се потпираат на техниките научени од филмовите за возрасни кои се нереални или применуваат некои потези кои им се допаѓале на нивните поранешни партнерки. Не го земаат предвид фактот дека нивната сегашна партнерка веројатно има други преференции.
Од друга страна, пак, на мажите најмногу им смета тоа што жените се често пасивни, не преземаат иницијатива и не поттикнуваат на акција онолку колку што тие би сакале.
Најмалиот заеднички содржател на сите овие проблеми е недостатокот на комуникација за време на сексот. Иако сметате дека во интимните моменти нема простор за премногу говорење, сексуалните терапевти не се сложуваат со ова.
Тие се залагаат за јасното и гласно искажување на сексуалните желби и потреби, бидејќи само таквата отворена комуникација доведува до максимално задоволство од двете страни.
Затоа, заборавете на срамот и не кријте ги вашите желби ако сакате пред сè да си угодите самите себеси, но и да го усреќите вашиот партнер кој секако сака да биде главниот извор на вашето задоволство. На ваков начин поставете се и вие кон него и уживајте во здравиот сексуален живот кој и двајцата ќе ве направи поисполнети и ќе ја зацврсти вашата врска.