Припадничките на овој хороскопски знак се најголеми заводнички во Зодијакот. Доказ дека нив никогаш не им е доста од љубов е и податокот дека токму тие најмногу се венчаваат во домовите за старци, односно повеќе од било кој друг хороскопски знак.
Жените Близнаци се забавни, Друштвени, магични и провокативни. Тие не се срамат да запознаваат нови луѓе и не се вообразени, но не се интересираат многу за долги љубовни врски.
Тие се мошне непредвисливи и нивната друштвена и љубезна маска мошне брзо може да ја заменат за дистанцирана и арогантна. Од потенцијалниот партнер бараат ментална компатибилност за да бидат заинтересирани, затоа што овие дами нема да му дозволуваат игри со нивното тело некому кој не е способен да го запознае нивниот интелект.
Тие истовремено се и најмладоликите жени во целиот Зодијак. Интелектуално се мошне љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни и големи монденки. Тие нема да пропуштат ниту едно отварање на изложба, театарска премиера, значаен собир… Мошне често тоа им го налага и нивната професија (која често е поврзана со средствата за масовна комуникација).
Тие константно се’ прилагодуваат кон сопствените потреби и тоа се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените се мошне важни за нивниот живот и за нивниот психички развој.
Тие се подготвени да и употребат и сите „женски оружја“, како и нивниот шарм и привлечност за да го добијат она што го сакаат. Овие дами лесно се вљубуваат и затоа мошне често имаат повеќе од еден љубовник истовремено.
Многу се комуникативни, пресметани и во состојба со сопствениот шарм да го опијат секого што ќе стапи во разговор со нив.