Најголемиот проблем на Кипар не е кризата, туку Турција

Во своето годишно божикно обраќање архиепископот на Кипар, Хрисостомос ги повика жителите на земјата да им помогнат на сиромашните, како и еден на друг, за да можат „да го прифатат Христа во своите срца и за да докажат дека се достојни за божјата љубов“.

Архиепископот ја коментирал и сегашната финансиска ситуација, посочувајќи дека секој човек во Кипар мора да се бори за отстранување на нееднаквоста, а владините институции треба да работат под целосна транспарентност, за да се казнуваат сите неправилности, пишуваат кипарските медиуми.

„Во исто време финансиската криза не е најголемиот проблем на островот. Турција се обидува да ја преземе контролата врз Кипар“, додал Хрисостомос.