Најголемиот слатководен бисер на светот, кој своевремено ѝ припаѓал на руската царица Катарина Втора, е продаден на наддавање во Холандија за 30.000 евра, објави во четвртокот аукциската куќа Venduehuis.
Познат како „Лавот кој спие“ поради својата форма, бисерот долг седум сантиметри и тежок околу 120 грама настанал во XVIII век во кинеските води, веројатно во Бисерната река којашто се влева во Јужнокинеското Море.
Според објавата на интернет страницата на аукциска куќа Venduehuis, станува збор за еден од трите најголеми природни бисери воопшто. Беше проценет на 340.000 до 540.00 евра, а за споменатата сума го купил засега анонимен трговец од Јапонија.
Околу 1765 година, холандски трговец го пренел бисерот во Батавиа, денешна Џакарта. Тринаесет години подоцна е продаден на наддавање во Амстердам кога доаѓа во сопственост на царицата Катарина Велика. Царицата во славниот дворец Ермитаж во Санкт Петербург го чувала до 1796 година. Во безредијата по нејзината смрт, бисерот исчезнал за подоцна да биде пронајден во Полска. Во 1865 година го купил холандски златар и со генерации бил чуван во неговото семејство. Здружението за бисери во Амстердам го купило во 1979 година поради историски истражувања.