Американските медиуми пишуваат дека Шон Пен и Мадона повторно се заедно. Актерот за еден месец бил на два нејзини концерти, а не бегале ни од тоа заедно да се фотографираат.
Пен, прво во септември, билво првите редови на концертот на Мадона во Њујорк, а потоа, на 14 октомври, во Ванкувер. Тој напишал и писмо во кое открива колку уживал во нејзините настап.
Се зборува дека во Ванкувер, Шон отседнал во истиот хотел заедно со поранешната сопруга.
Шон Пен и Мадона стапија во брак далечната 1986 година, а се разведоа три години подоцна.