Најкрвавиот ден во Ирак во последниве два месеци, загинаа 70 лица

Според медиумите, 16 декември е најкрвавиот ден во Ирак во последниве два месеци.

Најголемата  трагедија се случила во Багдад, на југот на државата,  кога експлодирале две автомобил-бомби додека покрај нив поминувала  голема група на шиити. Тогаш загинале 23 лица, а 50 се здобиле со повреди.

На северот на Ирак, во Мосул, бунтовници отвориле оган врз меѓуградски автобус, убивајќи 12, а повредиле десетина патници.

Во текот на денот се случиле и помали крвави инциденти.

Од почетокот на месецот 288 лица се убиени во терористички напади.