
За време на отстранувањето на барикадите на улиците „Лутеранскаја“ и „Банковаја“ во Киев се повредени најмалку 10 лица, пренесе украинското издание „УНИАН“.
Според државната телевизија бројот на повредените при интервенцијата на органите на редот е 15 лица.
Од повредените лица, само едно е припадник на полицијата, а останатаите се демностранти, сепак, ниту еден од повредените не е примен во болница.