
Повеќе од 10 луѓе загинаа и над 100 се ранети во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во Кабул, јавија локални медиуми.
Нападот бил извршен во близина на германската Амбасада во центарот на Кабул. Во реонот има и други дипломатски претставништва и административни згради.
Двајца јапонски дипломати се повредени во нападот, јави јапонската телевизија Ен-Ејч-Кеј. Јапонската Амбасада е оштетена во нападот. Оштетено во нападот е и кинеското дипломатско претставништво, јави Синхуа.