Најмалку единаесет борци на радикалното исламистичко движење Талибан се убиени во судир со авганистанските безбедносни сили во покраина Гарјаб на северо од Авганистан.
Авганистанската новинска агенција Khaama Press повикувајќи се на воени извори во саботата пренесува дека талибаните организирале координаран напад на врз безбедносни контролни точки во селот Хваџа во округот Паштун Кот.
Неименуваниот соговорник на агенцијата рекол дека нападот започна утрото околу 10,30 часот по локално време, но оти безбедносните сили ги одбиле напаѓачите. Според истиот извор, во судирот биле убиени најмалку 11 милитантим, а уште 23 биле ранети. Според информациита на војската, во борбата немало настрадани припадници на безбедносните сили или цивили.