Во двојниот самоубиствен бомбашки напад на пазар во градот Биу во саботата утрото по локално време во североистокот на Германија, убиени се најмалку 13 луѓе, соопшти локалната полиција, додека локани извори говорат за 18 убиени.
Две жени самоубијци на пазарот активирале појаси со експлозив, известил портпаролот на полицијата на нигериската сојузна држава Борно, којашто често е цел на нападите од исламистичките бунтовници.
„Убиени се 13 лица и двете бомбашки и 53 лица се ранети“, додал портпаролот на полицијата.
Агенцијата AFP ја пренесува и изјавата на претставникот на локалната милиција кој тврди дека се убиени 18 луѓе, а уште 36 се ранети.
Исламистичката група Боко Харам, вообичаено не ја презема одговорноста за смртоносните напади врз цивилни цели. Меѓутоа, познато е дека последните години за своите акции користи млади жени и тинејџери.