Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени кога воз излетал од шини во северозападна Турција, пишува „Дејли Сабах“. Во возот, кој сообраќал за Истанбул, имало 360 патници.
Според турската државна агенција Анадолија, пет вагони се илизгале од железничка пруга во регион во близина на границата со Грција. Несреќата се случила кога се урнал мост поради лоши временски услови и лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд во областа.
Од Канцеларијата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјавија дека претседателот бил информиран за несреќата од министрите за транспорт и за внатрешни работи. Ердоган испратил сочувство до семејствата на загинатите.