Најмалку 14 загинати во судир на камион и автобус

Најмалку 14 лица загинаа во судир на камион и автобус, вчера во Канада, а меѓу загинатите се и јуниори од хокераскиот тим „Хамболд Бронкос“, јавуваат канадските медиуми.

Младите хокеари патувале со автобусот северно од Тисдејл, во првоинцијата Сасквичен. Потврдено е дека во автобусот имало 28 лица. Загинале 14 патници, а 14 се пренесени во болница, од нив тројца се со критична состојба.

Канадскиот премиер, Џастин Трудо на Твитер напиша„Не можам ни да замислам низ што поминуваат нивните родители“.

Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот, а тимот на „Хамболд Бронкос“ патувале на натпревар од доигрувањето на јуниорската лига против „Нипваин Хоукс“. Според пописот на играчите, станува збор за деца и момчиња на возраст од 16 до 21 година, пренесува ББЦ.