Најмалку 140 луѓе загинаа во неделата во експлозија на цистерна во пакистанскиот град Махавалпура, објавија владини функционери, пренесе Dunya News.
Цистерната која превезувала 40.000 литри нафта се превртела, се запалила и експлодирала. Непотврдени извештаи велат дека се превртела поради преголема брзина.
Масата луѓе се собрала околу превртеното возило, кога тоа се запалило и експлодирало. Повеќе од 80 луѓе се ранети.
Локалните медиуми јавија дека луѓето се собрале да обидат да соберат нафта која истекувала од цистерната.
На местото се испратени пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.