Најмалку 15 лица убиени во воздушни напади во Јемен

Најмалку 15 лица загинаа и десетици се повредени синоќа при воздушните напади на предводената од Саудиска Арабија коалиција во Јемен, соопшти денеска контролираната од Хуси агенција Саба, објави МИА.

Меѓу убиените во провинциите Саада и Мариб се пет жени и две деца.

Арапската коалиција бомбардира позиции на шиитските бунтовници и нивните сојузници меѓу армиските единици од 26 март, за да се врати на власт претседателот Абд Рабу Мансур Хади, кој избега во Саудиска Арабија.