Најмалку 16 мртви во судар на воз и автобус во Русија (ФОТО)

Најмалку 16 лица, меѓу кои едно дете, загинале ноќта кон петокот во судар на автобус и воз во областа Владимир, во близина на руската престолнина Москва, соопшти Истражниот комитет.

Пет патници со различни степени на повреди се пренесени во московските болници. Меѓу хоспитализираните се и две деца кои се во крајно критична состојба.

Несреќата се случила ноќта на железничкиот премин во близина на станицата Покровка, 110 километри источно од Москва.

Автобусот се расипал кога минувал преку пругата, иако црвеното светло на семафорот го забранувало минувњето. Возот од правец на Санкт Петербург во насока на Нижни Новгород тогаш удрил во него. Дежурниот диспечер успеал да го извести машиновозачот за тоа дека на пругата има воз, но и покрај итното кочење, композицијата не успеала да се запре и удрила во автобусот.

„Патниците во автобусот спиеле, ги имало 50 лица, возачот извикал и 34 луѓе искокнале од автобусот за да се спасат. Тие преживеаја, загинаа оние кои останале во автобусот. Тој е буквално уништен“, изјавила за агенцијата РИА портпаролката на челникот на губернијата Владимирска област, Рита Шлјахова.

Казахстанското министерство за надворешни работа изјавил дека возачот на автобусот и механичарот и совозач, од кои еден загинал, имале казахстанско државјанство. „Во автобусот имало 55 Узбекистанци“, потврди министерството.